Родители од Скопје пријавиле насилство врз две малолетни момчиња

Полицијата информира дека во Скопје биле нападнати двајца малолетници од повозрасни лица. Станува збор за одделни случаи на насилство кои во МВР ги пријавиле родителите на нападнатите момчиња.

Вчера околу пладне, малолетникот бил нападнат од 55-годишен скопјанец, кој според пријавеното, се однесувал агресивно и кон таткото.

Во вториот случај регистриран во полицискиот билтен, 47-годишниот С.Ц. од селото Булачани, скопско, пријавил дека претходниот ден во 23.15 часот во село Виниче неговиот малолетен син бил физички нападнат од М.З.

Пронајдете не на следниве мрежи: