Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, согласно своите уставни надлежности, денеска ги именуваше за членови на Советот за безбедност Малинка Ристевска Јорданова – експерт за евроинтеграции, Џевдет Хајредини – поранешен министер за финансии и Владимир Спиридонов – експерт за климатски промени.
Со именувањето на тројцата членови од страна на претседателката Сиљановска Давкова, Советот за безбедност, кој е државно тело кое има надлежности во услови на загрозена безбедност во државата, е во полн состав.
Прв човек на Советот за безбедност, според Уставот, е Претседателот на државата.
Членови на овој состав на Советот се: Африм Гаши, претседател на Собранието, Христијан Мицкоски, претседател на Владата, Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, Владо Мисајловски, министер за одбрана, Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија,· Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова и Владимир Спиридонов.