Со голем концерт ќе им се оддаде почит на македонските музички легенди кои прерано заминаа

На четврти октомври во Македонска филхармонија ќе се одржи второто издание на „Легендите живеат вечно“ – концерт посветен на оние кои прерано си заминаа, со цел да им се одаде почит за се она што го оставија зад себе.Наде Талевска, Ристо Самарџиев, Ивона Јо, Тамара Волческа и други пејачи ќе ги пеат хитовите на нашите музички великани, во придружба на камерен оркестар чија интерпретација ќе допринесе за создавање на вистински магичен амбиент и тоа со сигурност ќе биде ноќ исполнета со силни емоции.-Ќе се потсетиме на момчето со ангелски глас, кое што ги поместуваше границите и го обединуваше Балканот со својата музика, Тоше Проески, ќе ги пееме песните на рокерот со нежна душа Влатко Илиевски, нема да ги заборавиме и Есма Реџепова, Гоце Арнаудов, Зафир Хаџиманов, Драган Вучиќ, Јонче Христовски, Драган Каранфиловски-Бојс како и многу други.Многу музика и пеење, уште повеќе емоции и по некоја солза е она што не очекува на четврти октомври, велат од организацијата на настанот.Истиот е поддржан од Министерството за култура.Влезниците се пуштени во продажба по цена од 700 и 900 денари.

Пронајдете не на следниве мрежи: