Приведен свештеник во црква, сексуално малтретирал малолетна девојка

Минатата недела во раните попладневни часови, шест полицајци извршиле претрес во црквата Успение на Пресвета Богородица. Претресот бил направен и во парохиската канцеларија на Дон Дарко Марушиќ, свештеник во парохијата Перушиќ Бенковачка во Хрватска.

Телеграф пишува дека се се случило пред очите на неколку мештани кои дошле во црквата бидејќи свештеникот требало да го води погребот на починато лице. Наместо Дон Марушиќ, итно бил повикан свештеник од парохијата во Обровац да го испрати покојникот. Двајца жители на Перушиќ Бенковачки биле поканети да бидат сведоци на претресот на парохиската канцеларија и црквата.

Свештеникот, пишува Национал, бил пријавен дека сексуално вознемирувал 16-годишно девојче. Полицијата наводно ја известила Архиепископијата за нивните постапки, пред да го направи претресот. Биле одземени два компјутера, лаптоп, мобилни телефони и УСБ-дискови, а потоа го привела свештеникот.

Четири дена подоцна, Архиепископијата како замена на неделната миса ја испрати Марија Карадакиќ, една од нејзините секретари, која проповедаше за борбата против сатаната и телесните задоволства.Од полицијата велат дека за да го заштитат идентитетот на жртвата и не сакаат да откриваат детали за случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи: