Муцунски му врачи плакета на Столтенберг за постигнатите успеси

Во пресрет на неговото заминување од функцијата, шефот на македонската делегација, Тимчо Муцунски информира дека остварил средба со Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, при што изразил лична благодарност за неговиот извонреден придонес во евроатлантската безбедност, врачувајќи му плакета за постигнатите успеси.

Муцунски го истакнал водството на Столтенберг во турбулентните години, со кое значително ја зајакна и модернизира Алијансата, правејќи ја покредибилна и поподготвена за зачувување на мирот и стабилноста, информираат од МНР.

-Воедно, ја нагласив важната поддршка за нашето членство и личните напори што ги вложи за промовирање на мирот во Западен Балкан, како и посветеноста кон политиката на отворени врати на НАТО, која е клучна за регионалната стабилност, стои во објавата на социјалните мрежи на министерот за надворешни работи.

Пронајдете не на следниве мрежи: