Сопственичката на компанија од Унгарија поврзана со експлозијата на пејџерите во Либан, под заштита на тајната служба

Сопственичката на BAC Consulting, која е поврзана со смртоносната пејџер експлозија во Либан, Кристиана Барсони-Арцидиаконо, е под заштита на унгарската тајна служба, изјави нејзината мајка Беатрикс Барсони-Арцидиаконо за АП.Таа рече дека нејзината ќерка добивала закани и дека „моментално е на безбедно место под заштита на унгарските тајни служби“.„Унгарската тајна служба ја советуваше да не разговара со медиумите“, изјавила Беатрикс Барсони-Архидијаконо телефонски од Сицилија.Кристијана Барсони-Архидијаконо не се појави во јавноста по нападите во вторникот и средата , во кои загинаа најмалку 37 луѓе, а беа ранети повеќе од 3.000, а за кои Либан и Хезболах го обвинуваат Израел.Таа е наведена како главен извршен директор на BAC Consulting со седиште во Будимпешта, за кој тајванскиот сопственик на трговската марка на пејџерите рече дека е одговорна за производство на уредот.Во средата, портпаролот на унгарската влада рече дека пејџерите доставени до Хезболах никогаш не биле во Унгарија и дека BAC Consulting дејствува само како посредник.Беатрикс Барсони-Арчидијаконо ги потврди наводите на унгарската влада, велејќи дека нејзината ќерка не е вмешана и дека уредите не биле произведени во Будимпешта, ниту пак некогаш поминале низ Унгарија.Најмалку 37 лица, меѓу кои две деца, загинаа, а повеќе од 3.000 се повредени во експлозии на уреди за комуникација во вторник и среда во Либан.Либанската влада и милитантната група Хезболах го обвинија Израел за нападот.Тел Авив не ги коментираше наводите, но министерот за одбрана Јоав Галант најави дека Израел влегува во „нова фаза“ од војната.

Пронајдете не на следниве мрежи: