Задолжителниот воен рок во Србија треба да започне во септември 2025 година

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ денеска изјави дека идејата е задолжителниот воен рок, во траење од 75 дена, да започне во септември 2025 година, односно првата класа војници да биде есента истата година.

Тој во Собранието на Повлен рече дека во овој момент не се работи само за промена на законот и административно-техничките мерки, туку дека има и подготовка на касарни, логистички, медицински центри каде ќе се прегледуваат регрутите, пренесува Танјуг.

„Тогаш да го подготвиме целиот процес и обука што ќе биде предизвик за нашите офицери и подофицери, кои за 75 дена ќе ја извршат основната воена обука за новата армија, односно нашите нови регрути“, рече Вучевиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи: