КАКО НА ФИЛМ: Македонец бегајќи од косовската полиција се судрил па се открил голем шверц

Македонски државјанин бил уапсен од косовската полиција во близина на граничниот премин Генерал Јанковиќ/Блаце откако бегајќи со возилото предизвикал судар. Во неговото возило е пронајдена голема количина шверцувана стока – облека и обувки.

Косовската полиција извести дека во саботата, околу 20 часот, во атарот на село Сеќиште кај Генерал Јанковиќ, било забележано сомнително возило како се обидува да ја премине граничната линија и веднаш биле преземени дејствија за негово сопирање, јави МИА од Приштина.

„Возачот на возилото, со иницијали З.А., македонски државјанин од албанска националнот, на возраст од околу 40 години, откако увидел дека бил забележан од патроли на граничната полиција, при обид да побегне во правец на територијата на Република Северна Македонија, предизвикал сообраќајна незгода со материјална штета.

Полицијата го извлекла возилото со македонски регистарски таблички и при контрола на истото во него нашла 120 пара обувки (патики) и 260 парчиња облека (дуксери и тренерки).

Постои смневање дека намерата била стоката да се прокриумчари од територијата на Република Косово на територијата на Република Северна Македонија преку планински патишта. Во врска со случајот преземени се сите дејствија во соработка со државен обвинител, при што по негова наредба на осомничениот му е одреден притвор во траење од 48 часа, додека шверцуваната стока и возилото се одземени и испратени на царински термин за понатамошна законска процедура“, се наведува во соопштението на полицијата.

Пронајдете не на следниве мрежи: