Изpаелската војcка: Погодени се околу 800 цели на Xезболаx во Либан

Израелската армија денеска соопшти дека погодила околу 800 цели на Хезболах во јужен Либан и во долината Бека во источен Либан. Министерството за здравство на Либан наведува дека во денешните напади на Либан загинале 182 лица. 727 се ранети, меѓу кои жени, деца и медицински лица, се наведува во соопштението.
„Меѓу погодените цели има и згради каде Хезболах криел ракети, проектили, ракетни фрлачи, беспилотни летала и друга терористичка опрема“, се вели во соопштението на војската, пренесува Ројтерс.

Во меѓувреме, либанското Министерство за здравство издаде ново соопштение во кое се наведува дека од почетокот на денешните израелски напади досега загинале 274 лица, а 1.024 се ранети, но дека од бројките не може да се заклучи колку од загинатите се цивили. а колку биле членови на Хезболах.
ИД тврди дека целите на нападот биле локации што ги користел Хезболах, вклучително и станбени згради каде милитантната група складирала оружје и друга воена опрема.

Во соопштението на ИД се вели дека Хезболах денеска истрела околу 165 ракети од Либан кон цели во израелска територија и дека повеќето од ракетите биле насочени кон области длабоко во северниот дел на Израел, вклучувајќи ја и областа Хаифа.
Најмалку 10 проектили со долг дострел беа истрелани врз израелските населби на Западниот Брег, кои се на повеќе од 100 километри од границата со Либан.

Пронајдете не на следниве мрежи: