Апасиев: Да видиме кои се граѓани од „втор ред“ во Македонија

Во објава на Фејсбук пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, објаснува кој е граѓанин од втор ред.

Во продолжение неговата објава на Фејсбук:

– ГРАЃАНИ ОД ВТОР РЕД

Неретко ја слушаме оваа флоскула од клетите усти на домашните политичари-наобалисти (“Нема да дозволиме Албанците да бидат повторно граѓани од втор ред во Северна Македонија”)!? 🤔

Епа, ај да видиме кои се “граѓани од втор ред”, по дефиниција? Според Римското право, граѓани од втор ред биле ОНИЕ КОИ ПЛАЌАЛЕ ДАНОЦИ!!!

Бидејќи полноправните римски граѓани (лица со status civitatis), во времето кога државата станала богата, биле ослободени од јавните давачки – оние поданици кои останаа да ја полнат државната каса беа перегрините, како најважен извор на приходи.

Оттука, сами заклучете кои се “граѓани од втор ред” во Македонија и кој на кого му плаќа даноци, такси, давачки, намети, кулуци, ангарии, патарини, струја, вода, комуналии… – напиша Апасиев.

Пронајдете не на следниве мрежи: