(Фото) ШЕРИФИТЕ НА СУЛЕЈМАНИ! Возачот на заменикот министер за култура нападнал полицајци – Три лица се приведени, министер и пратеник чекаат пред ПС Тетово!

Заменик-министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, во моментов е пред полициската станица во Тетово каде се приведени три лица, меѓу кои и возачот на Сулејмани и внукот на возачот.

Интервентна полиција запрела внук на возачот на Седат Сулејмани, за да го легитимираат, а внукот се јавил да се пожали, по што возачот на Сулејмани отишол на местото на настанот да реагира. Полицијата ги привела двајцата, заедно со уште едно лице и сите моментално се во СВР. Пратеникот Аднан Азири и заменикот министер за култура, Седат Сулејмани моментално се пред СВТ Тетово, дознава Инфомакс.

Неофицијално имало напад на полицајците, засега нема информации за тоа дали и какви повреди имаат полицајците и дали било употребено оружје.

Пронајдете не на следниве мрежи: