(Видео) Ковачевски ги открива причините за дебаклот на СДСМ на изборите

Поранешниот премиер и актуелен пратеник во Собранието, Димитар Ковачевски, во прва изјава за медиумите по мајските избори кога СДСМ доживеа класичен дебакл, објасни која била причината за поразот.

Како што вели во поткастот „Каде се парите“, неговата партија не можела да коалицира со албанските партии, бидејќи во сето тоа партијата на премиерот на Косово, Албин Курти, се вмешала во македонската политика.

Ковачевски рече дека Курти бил клучот за формирањето на коалицијата Вреди и испраќањето на ДУИ во опозиција.

– Курти е присутен во политиката во Македонија и тоа никој не може да го негира. За пратеник во Собранието има претставник на својата партија, мислам дека човекот е од Струга. Впрочем, коалицијата Вреди беше формирана во Косово, а за тоа постојат и соопштенија од состаноците, а има и снимки. СДСМ не можеше да направи голема коалиција со албанските партии, бидејќи овојпат албанската опозиција беше консолидирана и засилена, а логистичка беше поддржана од Косово. Имаше свој кандидат за претседател, истакната политичка фигура, и тоа Арбен Таравари, кој денес е министер за здравство. Тоа ја стави ДУИ во позиција да мора да се кандидира со свој кандидат за претседател – рече Ковачевски.

Ковачевски додаде дека Самоопределување на Албин Курти нема ништо против СДСМ, додавајќи дека тие се сестрински партии.

Пронајдете не на следниве мрежи: