Амал Клуни, сопругата на познатиот актер Џорџ Клуни, откри дека една храна која ја јаде секој ден е заслужна за нејзиниот совршен изглед. Имено, денот започнува со алги.Алгите се богати со јод, железо , калциум, колаген, амино киселини и растителни влакна.Тие содржат протеини и минерали, но треба да се запомни дека не сите алги се јадат и дека некои можат да бидат отровни. Иако може да се консумираат со секој оброк, добро е денот да го започнете со нив, а доколку се работи за постојан појадок, а инаку за смути, вметнете ги во вашата смеса.Морските алги се богати со колаген, кој ја подобрува еластичноста на кожата, растот на косата, богат е со омега-3 масни киселини и минерали, како и влакна, кои се клучни за здравјето на цревата.И Амал Клуни често јаде супа од алги, а ова е рецептот:Алгите прво се рехидрираат со извесно време стоење во вода, а за тоа време обработете едно јаболко, половина целер, две краставици и една пиперка во соковник. Алгите и другата половина од целерот исечкајте ги на парчиња и додајте ги во супата и зачинете со малку бибер и сол, но и со сок од лимета за посвеж и поинтересен вкус.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.