Христијан Мицкоски жестоко реагираше на потегот на ЕУ да ги раздвои патиштата на Македонија и на Албанија кон полнправно членство во Унијата.
Мицкоски гледа виновник во Брисел велејќи дека ЕУ се изживува со Македонија, додавајќи дека тој диктати немало да прифаќа.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.Ако мислите дека со почнувањето на преговорите, мед и млеко ќе тече на улиците и парите од Брисел ќе почнат да врнат, се лажете, рече премиерот и напомена дека подобрувањето на стандардот на Македонија зависи од чесната работа, а не од почетокот на преговорите за членство во ЕУ.
Тој ѝ посака успех на Албанија, со желба бргу да го заврши преговарачкиот процес.
– Можеби еден ден патиштата пак ќе ни се сретнат – заклучи премиерот. За Македонија, услов за одржување на Втора меѓувладина конференција со ЕУ останува спроведувањето на уставни измени, со кои Бугарите треба да се внесат во македонскиот Устав. Албанија и Македонија беа во ист пакет на интеграцискиот пат кон ЕУ, но последната одлука за Албанија практично ќе значи раздвојување на двете земји.
Доста исфрустрирано Мицковски за промената на Уставот додаде: „Таму никаде не го пишува тоа, дури пишува и дека Бугарија треба да нè поддржува и да ни помага. Кога ние зборуваме за одложено дејство, зборуваме за тоа дека по успешно завршување на разговорите и ратификација на претпристапниот протокол подготвени сме да прифатиме промена на Уставот и за многумина во Брисел беше што е сега ова, а тоа не е ништо поразлично од Преспанскиот договор“…
Останува прашањето дали во текот на кампањата, кога се ветуваа промени во преговарачката рамка, Мицковски и неговата партија ги доведоа во заблуда гласачите и добија поддршка за нешто што не се во можност да го сменат.