Се сретна ли Давкова со Бајден, како што се сретнаа Османи и Рама?

Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, за време на нејзиниот официјален престој во САД во рамките на Генералното собрание на ОН, оствари средба со високиот претставник на Стејт департментот на САД за Западен Балкан, додека нејзини колеги од Западен Балкан, меѓу кои и претседателката на Косово, Вјоса Османи, се сретнаа со претседателот на САД, Џо Бајден.

Со Бајден се сретна и премиерот на Албанија, Еди Рама.

Сиљановска-Давкова до сега на својот профил на социјална мрежа Фејсбук, како и на веб-страницата на Претседателoт на Северна Македонија, нема објавено никакво соопштение за можна средба со претседателот Бајден, ниту пак, фотографии од нивна евентуална средба.

Во одговор за Алсат.мк, од Претседателството велат дека претседателката Сиљановска Давкова се сретнала со американскиот претседател Џо Бајден, но сѐ уште нема официјално соопштение или фотографија.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова се сретна со американскиот претседател Џо Бајден на истиот настан на кој се сретнаа и претседателот на Косово и албанскиот премиер“, велат од кабинетот на Претседателката во одговорот за Алсат.мк.

Инаку, за време на својот говор на Генералното собрание на ОН, Силјановска-Давкова за прв пат го спомена уставното име на државата, Република Северна Македонија.

Пронајдете не на следниве мрежи: