Израел го нападна и Јемен

Министерството за здравство на Хутите во Јемен објави дека четири лица се загинати, а 29 се повредени по денешните израелски напади. Израел потврди дека започнал воздушни напади врз Хутите во Јемен, погодувајќи го пристаништето Рас Иса во четвртиот по големина град во Јемен, Ал Худајда.

Армијата соопшти дека неколку десетици авиони на израелското воздухопловство, вклучително и шпионски авиони и авиони за полнење гориво, учествувале во нападите врз позициите на милитантите лоцирани на околу 1.800 километри од Израел.

Во текот на изминатата година, Хутите дејствуваа под раководство и финансирање од Иран и во соработка со ирачките милиции со цел да ја нападнат државата Израел, да ја поткопаат регионалната стабилност и да ја нарушат глобалната слобода на движење, се вели во соопштението.

Нападите беа насочени кон локациите што ги користат Хутите за воени цели во Ал Худајда и блиското пристаниште Рас Иса во западен Јемен.

Пронајдете не на следниве мрежи: