Кејн се повреди, неизвесен е за дуелот со Астон Вила

На вчерашниот дерби натпревар меѓу Баерн Минхен и Баер Леверкузен кој заврши нерешено 1-1, Хари Кејн заработи повреда.

Кејн беше изваден од игра во текот на второто полувреме со болки во зглобот.

Баерн Минхен денеска излезе со соопштение за неговата повреда.

„Хари Кејн заработи болен удар во неговиот зглоб вчера. Тестовите денеска покажаа позитивен развој. Кејн ќе продолжи да добива интензивен третман“, стои во соопштението на Баварците.

Баерн Минхен во среда гостува кај Астон Вила во меч од Лигата на шампионите. Неизвесно е дали Компани ќе го има на располагање Кејн за овој меч.

Пронајдете не на следниве мрежи: