СП: Почина 14-месечно бебе на Детската Клиника, неколку пати било враќано дома пред да биде хоспитализирано

Рано утринава на Клиниката за детски болести во Клинички центар ,,Мајка Тереза” во Скопје, починало 14-месечно женско бебе, дознава ,,Слободен печат”. Како што посочуваат вознемирени извори кои работат на Клиниката, бебето било неколку пати одбивано за хоспитализација, иако родителите го носеле во болницата. Секогаш било пуштано дома, без да биде хоспитализирано. Гледајќи дека се одбивани за хоспитален третман, родителите го однеле во Клиниката Козле, од каде состојбата му се влошила и дури тогаш било примено во одделението за интензивна нега на Детската Клиника. Тоа за Слободен печат, освен дел од вработените, го потврди и таткото на починатото девојче, Р.С.

Детали прочитејте на следниот ЛИНК

Пронајдете не на следниве мрежи: