Мексиканскиот градоначалник е убиен неколку дена откако почнал со работа

Градоначалникот на мексиканскиот град погоден од насилство со дрога е убиен помалку од една недела по преземањето на функцијата.Алехандро Аркос беше пронајден мртов во неделата во Чилпанцинго, град со околу 280.000 жители во југозападната држава Гереро. Шест дена беше градоначалник, пренесува Телеграфи.Евелин Салгадо, гувернерката на државата, рече дека градот тагува поради убиството кое „ги исполни со огорченост“.Неговата смрт дојде три дена откако беше застрелан новиот секретар на градската влада, Франциско Тапија.Властите не објавија детали од истрагата, ниту осомничени. Сепак, Гереро е една од најпогодените држави од насилството со дрога, а нарко картелите убиле десетици политичари низ целата земја.Властите го потврдија убиството на Арко откако непроверените слики на социјалните мрежи покажаа какви се неговите останки.

Пронајдете не на следниве мрежи: