Фото:Откриена 700 години стара вампирска гробница

Во градoт Храдек над Нисоу во северниот дел на Чешка, археолозите во ѕид на една црква што ја реконструирале, пронашле ретко откритие  – 700 години стар скелет на жена, која според начинот на кој е погребна, укажува дека луѓето од тоа време ја сметале за вампир или вештерка.Како што јави дописникот на МИА од Прага, дека се работи за жена која ја сметале за вампир, според експертските мислења, говори положбата на скелетот кој покажува дека телото е погребано со  лицето кон земјата, а не како што е вообичаено за христијаните кога мртовецот е поставен на грб.
Во прилог на теоријата дека во тоа време жената ја сметале за вампир или вештерка е и тоа што за тој период била невообичаено висока, околу 170 сантиметри.
Локалните власти планираат скелетот да го изложат во градскиот музеј.
Извор: iluzionist.com.mk
 Како што јави дописникот на МИА од Прага, дека се работи за жена која ја сметале за вампир, според експертските мислењ

Пронајдете не на следниве мрежи: