Вардар ги пушти во продажба билетите за клучниот натпревар од групата на ЕЛ

Управата на двократниот европски ракометен шампион, Вардар 1961, ја информира јавноста дека ги пушти во продажба билетите за натпреварот од Европската лига на ЕХФ против португалскиот гигант, Порто.

Влезниците ќе можат да се купат преку продажната мрежа на „МК Тикетс“, а истите ќе чинат 300 и 400 денари, во зависност од блоковите во салата. За влез ќе ви биде потребен влезен билет или испечатен ваучер кој може да се купи и онлајн, односно во ПДФ формат на вашиот мобилен телефон.

Натпреварот ќе се одигра на 22 октомври во салата „Јане Сандански“, а почетокот е закажан за 20:45 часот.

Пронајдете не на следниве мрежи: