Пентагон: Не можеме да ги потврдиме извештаите за присуство на војници од Северна Кореја во Русија

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин изјави дека не може да ги потврди информациите дека Северна Кореја испратила војници во Русија за да бидат распоредени во војната во Украина, но додаде дека доколку е вистина, таквиот потег би бил загрижувачки.

Јужнокорејската разузнавачка агенција соопшти дека Северна Кореја испратила 1.500 припадници на специјалните сили на Далечниот Исток на Русија на обука и аклиматизација во локалните воени бази и најверојатно ќе бидат распоредени да се борат во војната во Украина.

Русија и Северна Кореја ги негираат тврдењата за испраќање севернокорејски воен персонал да и помогне на Русија против Украина. 

Пронајдете не на следниве мрежи: