Шипки и ножеви, се продаваат на тезгите на Битпазар

На Бит Пазар ножевите, боксирачите и гумените пендреци се продаваат како бонбони. Никој не ги спречува, иако спаѓаат во категоријата на ладно оружје, кое е забрането за поседување, продажба или употреба, согласно Кривичниот законик. Најголем дел од купувачите или заинтересираните за купување се ученици, секако не за добри цели.

Загриженост за оваа појава изразија и директорите на училиштата кои исто така презедоа конкретни мерки. Во ОУ „Адем Јашари“ во Чаир обезбедувањето ги проверува ранците на учениците. Според директорката Фиторе Ќирези, контролата се прави со дозвола на родителите за да се спречат инциденти.

„Секогаш имаме континуирани проверки во ранците на учениците, но и во нивните џебови за да се обидеме да ги спречиме да го носат тој предмет, но и да се спречи било тепачка или нешто што би можело да има меѓу учениците“, рече Фиторе Ќирези – директорка на О.У „Адем Јашари“.

Поради овие мерки, Ќирези вели дека не паметат кога се случил некој инцидент во нивното училиште. Таа ги повика родителите повеќе да ги надгледуваат своите деца бидејќи, како што се наведува, контролата на родителите е поефикасна од онаа на наставниците.

„Тоа е директна форма каде што ученикот или детето што го гледа, можеби од љубопитност, сака да го купи или изразува желба да го поседува. Верувам дека формата на превенција е да не се продаваат на пазар каде ученикот, детето и можат да одат да купат“, додаде Фиторе Ќирези – директорка на О.У „Адем Јашари„.

Прашавме и од МВР зошто дозволуваат тоа ладно оружје слободно да се продава на пазарот и што направиле за да се спречи оваа појава, од таму не добивме никаков одговор. Инаку, според член 3 од Законот за оружје, ладно оружје се смета секое орудие н за извршување напад или нанесување телесна повреда, со употреба на физичка сила на напаѓачот, како и орудие приспособено за предизвикување телесна повреда што се одржува на јавни собири, локали и слични места.

Извор: Алсат

Пронајдете не на следниве мрежи: