Во Србија е потврден вирусот на птичји грип, откако пред две недели беше пронајден пцовисан лебед

Откако беше пронајден мртов лебед во заливот Орешковица, во близина на Доњи Милановац, за кој Националната референтна лабораторија за ветеринарна инспекција на птичји грип во Краљево утврди дека е заразен со патогениот вид на вирусот H5N1, прогласена е контаминација на дивите птици во област во радиус од три километри, јави „Нова.рс“.

„На 8 октомври жители од овој крај ја известиле надлежната служба на ЈП „Национален парк Ѓердап“ дека во Орешковичкиот залив има мртов лебед. Епизоотиолошката истрага и земање мостри од трупот на лебед извршиле надлежен ветеринарен инспектор и епизоотиолог од Ветеринарно-специјалистички институт „Зајечар“, а мострите се испратени во Националната референтна лабораторија во Краљево“, вели Јована Петровиќ од ЈП „Национален парк Ѓердап“.

По добиената потврда за присуство на патогениот сој на вирусот Х5Н1, со истото Решение на Управата за ветеринарство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од 11 октомври, подрачјето со радиус од најмалку десет километри од жариштето, која ги опфаќа населените места Мосна, Бољетин и Голубиње, е прогласена за загрозена од птичји грип.

Пронајдете не на следниве мрежи: