Чавков: Кој ја држи Македонија во заложништво и кој се плаши од повторување на постапката за политичките затвореници?!

Поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков, на Фејсбук го честита Денот на македонската револуционерна борба и праша, кој ја држи Македонија во заложништво и кој се плаши од повторување на постапката за политичките затвореници?!

– 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба

Честитка и потсетување на идеалите за Македонија со чувства, дилеми и прашања од затворските келии.

Темно небо, надвиснати тешки облаци, неизвесност, опресија, тоа е се уште сликата за Македонија за нас – политичките затвореници!

Се прашуваме:

Кој е моќникот / моќниците што се уште Македонија ја држат во заложништво со политички затвореници?!

Кој се плаши од повторување на судската постапка за нас политичките затвореници?!

До кога ќе страдаме во затворската тишина?!

Нели е доволно седумгодишното страдање на нашите семејства?!

Идеалите за Македонија ќе останат само гола фраза се’ додека има политички затвореници, нефункционални институции и општество целосно метастазирано од корупција.

Ние политичките затвореници сме најмалку виновни за тоа! – напиша Чавков.

Пронајдете не на следниве мрежи: