Минималната плата во Бугарија од јануари ќе биде 1077 лева или 32.310 денари

Минималната плата во Русија ќе се зголеми од 933 на 1.077 лева од јануари 2025 година. Ова го одлучи Советот на министри на Бугарија, јави БГНЕС.

Во моментов минималната плата е 933 лева.

Зголемувањето изнесува 144 лева или 15,4%.

Одлуката на Владата е усогласена со измените на Законот за работни односи, со кои се предвидува минималната плата да биде 50 отсто од националниот просек.

До 15 ноември Бугарија мора да ги спроведе барањата од директивата на ЕУ за соодветни минимални плати во земјите од Унијата.

Пронајдете не на следниве мрежи: