Фон Дер Лајен го сруши сонот за уставни измени со одложено дејство: Треба да поминат уставните измени за кои вашата држава се согласи дека ќе ги направи

Претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен денеска пристигна во посета на Македонија.

На прес конференција со премиерот Христијан Мицкоски, таа ја оцени средбата како добра.

„Навистина е добро да се слушне дека сте толку посветени на вашиот пристапен пат кон ЕУ. Северна Македонија постигна многу и покажавте одлучност во преземањето на секој чекор. Навистина сакам да ја пофалам Северна Македонија и да оддадам почит на луѓето, сега работата навистина треба да продолжи, сакам да оддадам почит и на фактот дека сте 100% усогласени со нашата надворешна и безбедносна политика. Сакам да ви се заблагодарам вам и на РСМ за поддршката за Украина. Имаме многу области каде имаме одлична соработка и навистина сакам да се заблагодарам за сето тоа“, вели фон дер Лајен.

Таа додава дека имаат јасна цел а тоа е да се отвори кластерот „Фундаментални вредности“ што е можно побрзо.

„Треба да поминат уставните измени за кои вашата држава се согласи дека ќе ги направи, и со заеднички дијалог се надевам дека сите политички сили ќе се здружат во земјата и ќе ги преземат потребните одлучни чекори за напредок и уверена сум дека можеме да ги надминеме пречките кои што се уште постојат“, вели Фон дер Лајен.

Пронајдете не на следниве мрежи: