45-годишен затвореник починал во „Идризово“

Вчера во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во затворот „Идризово“ бил пронајден починат В.Ѓ.(45) од Велес, кој издржувал казна во установата.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Увид извршила екипа од СВР Скопје, соопшти МВР.

Пронајдете не на следниве мрежи: