Архива: Лозановска од ВМРО-ДПМНЕ обвини дека Фон дер Лајен дошла да ги стерилизира Македонците

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Олга Лозановска, на денешната собраниска расправа за владината Информација за францускиот предлог, кажа дека вчера во парламентот дошле да ги стелизираат Македонците дома, алудираjќи на посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која вчера одржа говор пред пратениците и државниот врв.

„Ќе ви прочитам еден твит – на денешен ден 1933 година, нацистите донеле закон за задолжителна стерилизација на лицата со наследни болести. Денес, односно вчера, 2022 година, ни дојдоја дома, во парламентот, да нè стерилизираат нас Македонците“ кажа Лозановска во реплика.

Претходно, во своето обраќање таа ја нарече власта предавничка и корумпирана.

„Овој француски предлог за кој народот гласно ви кажува дека не го прифаќа е најголема замка во поновата историја на Македонија и неговото прифаќање ќе предизвика целосно негирање на се македонско. Прифаќањето ќе стане велепредавство за кое некој еден ден ќе треба да одговара“ кажа таа.

Пронајдете не на следниве мрежи: