Николоски до Димитров, Заев и Шеќеринска: Зошто не направивте и со Бугарија договор како Преспанскиот?

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски, е вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21. Зборуваше за спорот со Бугарија, и упати прашање до тогашните чинители на власта Зоран Заев, Никола Димитров и Радмила Шекеринска, зошто немало Договор со Бугарија исто како Преспанскиот.

„Гледаме дека дел се однесуваат како да не биле таму, без срам и перде. И сега прашувам зошто биле кусогледи и истото не го побарале и за ЕУ со Договорот од Преспа. Веќе никој не е наивен, само ни велат уште ова, уште ова, уште ова, и до кога така?“, рече Николоски.

Пронајдете не на следниве мрежи: