Абделазиз Барада, поранешен марокански репрезентативец и екс член на неколку француски и шпански клубови, почина утрово на 35-годишна возраст. Мароканските медиуми јавуваат дека смртта на Барада настапила ненадејно, а причината наводно е срцев удар.
Барада во својата акриера беше дел и од вториот тим на ПСЖ, играше и во Гетафе, Ал Џезира, Олимпик Марсеј, Ал Наср, Анталијаспор, Химнастик, Ал Шаханиа и Луситанос. Во 2021 година ја заврши кариерата.
За репрезентацијата на Мароко настапи 26 пати. Играше и на Олимписките игри во 2012 година во Лондон.
Фудбалскиот свет и натаму е во шок после смртта на Џорџ Балдок, кој беше пронајден мртов во својот дом во Атина на 10 октомври.