ЏОНИ ДЕП И ЃОКОВИЌ ЌЕ БИДАТ КОМШИИ ВО СРБИЈА? Познатиот актер тајно купил плац за да гради куќа

Познатиот холивудски актер, Џони Деп неколку пати тајно ја посетил Србија, а сака да гради куќа на Космај на место каде што прв комшија ќе му биде српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ. Српски Курир пишува дека Деп купил плац во Рогач.

Наводно, куќата ќе биде завршена во текот на 2025 година. Актерот ангажирал луѓе за проектот и им дал детални упатства за тоа како сака да изгледа куќата.

– Изградбата на куќата на овој плац ќе започне следната година. Требаше веќе да биде завршена, но работата трае подолго. Дури сега, кога Џони Деп дојде еден или два или трипати со целата своја придружба, внимателно ги разгледа проектите и им ги даде сите инструкции, може да се почне. Не видов ништо во весниците дека тој бил во Србија, па сигурно Деп бил со десетина луѓе и неколку „горили“ шетајќи наоколу, покажувајќи им нешто. Како што може да видите, нашиот Новак Ѓоковиќ ќе му биде прв сосед. Таквите актери знаат каде да одат, ова е рај на земјата – вели извор за српски Курир.

Неименуваниот соговорник тврди дека куќата на Џони Деп нема да биде голема како таа на Новак, туку ќе биде уредена модерно, ќе има и соларни панели, базен, неколку помошни простории…Гласините велат дека Деп ќе вработи луѓе кои ќе живеат таму по цела година и ќе се грижат за имотот и куќата.

Наводно актерот планира да засади органско овошје и зеленчук.

Пронајдете не на следниве мрежи: