Кузеска му одговори на Шилегов: СДСМ е најдемократска партија, единствена која го бира својот претседател на демократски и непосредни избори

Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска денеска на прес-конференција, коментирајќи ги објавите на ексградоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, изјави дека СДСМ имаше легитимни внатрепартиски избори на кои го избра новиот лидер во постапка во која учествуваа дури четворица кандидати.

– СДСМ е најдемократска партија во државата која единствена го бира својот претседател на демократски и непосредни избори. Оттаму легитимитетот на претседателот на СДСМ не може да се оспорува. Немаме намера да навлегуваме во лични напади, и остануваме посветени на демократските принципи кои ги почитуваат различните ставови, но во рамките на цивилизиран дијалог – рече Кузеска.

Пронајдете не на следниве мрежи: