Каква иронија… Синот на Боро Марлборо вработен во Царина, иако татко му беше обвинет за шверц на марихуана

Перо Стојчев, синот на поранешниот градоначалник на Општина Ново Село, Боро Стојчев во јавноста познат како Боро Марлборо е вработен во Царинската управа на Република Македонија, дознава Инфомакс.

На листата кандидати за основна царинска обука (услов за цариниците да можат да работат) е и Перо Стојчев.

Инаку, врховен судија и член на Советиот на јавни обвинители се под истрага, затоа што на поранешниот градоначалник на Ново Село, Боро Стојчев, му ветувале дека за пари ќе му средат погодности во постапката што се води против него за шверц на марихуана.

Случајот во полиција го пријавил синот на Стојчев, сега вработен во Царина, а според првичните информации судијата бил фатен на лице место со 10 илјади евра кои биле обележани од полицијата.

Според соопштението на Јавното обвинителство, уапсениот првоосомничен врховен судија Наке Георгиев и членот на Советот на јавни обвинители Иџет Мемети „лажно ветувале“ дека ќе извршат влијание за погодности во случај што се води против Стојчев во обвинителството за гонење организиран криминал.

„Според сознанијата добиени од пријавителот, првоосомничениот користејќи ја својата службена положба и претпоставено влијание лажно ветувал погодности за обвинет (татко на пријавителот) во друга постапка што се води пред Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, и лажно прикажале дека ќе извршат влијание заедно со второосомничениот“, се наведува во соопштението на Обвинителството.

Стојчев и уште девет други луѓе беа уапсени во акцијата под кодно име „Чибук“ за организирање, набавка, продажба и пуштање во промет на марихуана во периодот од октомври 2023 до март 2024. При претресите на повеќе локации низ земјава, кај осомничените биле пронајдени пари и скоро 100 килограми марихуана, која делумно била набавувана и од фирми за производство на медицински канабис.

„Во текот на овој период групата организирала и реализирала продажба на поголема количина на наркотична дрога марихуана што неовластено била набавувана од НН правни субјекти од Струмица и Демир Капија, од Р.Албанија, како и од правен субјект со дејност одгледување на зачински, ароматични и лековити растенија и растенија за употреба од Струмица“, соопшти тогаш Обвинителството.

Според информациите на Телма, истрагата е веќе завршена. Според првичните информации, Обвинителството се откажало од гонење на еден осомничен, за четворица веројатно ќе има обвинение, а петмина признале вина и се спогодиле за казна. Стојчев ја добил највисоката од сите петмина. Останатите четворица добиле меѓу 3 години и 4 години и 2 месеци затвор.

Поранешниот градоначалник на малата погранична општина Ново Село, Боро Стојчев, ѝ стана познат на јавноста во 2018 година, кога беше уапсен во близина на границата со Бугарија при обид за шверц на цигари од Македонија во Бугарија. Петмина осомничени во граничниот појас беа уапсени со два џипа во кои имале натоварено над 32 илјади кутии цигари „Калипсо“ во вредност од скоро 90 илјади евра. Струмичкиот суд го осуди Стојчев на 1,5 години затвор, но штипска апелација два месеци подоцна му ја намали казната на 6 месеци затвор. Поради апсењето, градоначалничката кариера му траеше само 1 година и 2 месеци, а во јавноста го доби прекарот Боро Марлборо.

Стојчев во 2015 година бил осуден на условна казна за проневера во службата, а истата година добил парична казна за „Телесна повреда“ зашто натепал човек кој барал да му врати пари кои му ги дал на заем.

Цело семејство обвинето за шверц, а синот сеа работи во Царина, а според кажувања на лица од Ново Село самиот се фалел дека за кратко ќе работи на граничниот премин.

@infomax.mk

Македонија Инфомакс ТешкиМуабети вести политика ТикТок makedonija infomax teskimuabeti vesti fyp tiktok viralvideo podcast news macedonia MacedoniaForever MacedoniaAlways MacedoniaMacedonia

♬ original sound – iNFOMAX.mk – iNFOMAX.mk

Пронајдете не на следниве мрежи: