Нема работа за која не излажаа: Откако го нарекоа криминалец и олигарх – Мицкоски „навива“ за Борисов на изборите во Бугарија

Премиерот Христијан Мицкоски на парламентарните избори во Бугарија посакува да победи партијата ГЕРБ на Бојко Борисов. Мицкоски го гледа Борисов како подобар партнер за решавање на билатералните несогласувања во споредба со останатите бугарски лидери и смета дека изборот на ГЕРБ ќе биде позитивен чекор за стабилни односи меѓу двете земји.

Мицкоски истакна дека неговата поддршка за Борисов и ГЕРБ е природна, со оглед на тоа што и ВМРО-ДПМНЕ и ГЕРБ се дел од истото политичко семејство во Европската народна партија (ЕПП). Според него, би било нелогично да поддржи политички опции надвор од оваа соработка.

„Со партијата ГЕРБ, која ја води Бојко Борисов, сме дел од истото семејство во Европската народна партија, и затоа е логично да посакам успех на уште една партија од нашето политичко семејство. За разлика од некои други лидери во ЕПП, јас не би соработувал со левичарски опции, како што се случуваше во минатото,“ изјави Мицкоски.

Барање за ивинување преку оставка од македонскиот вицепремиер, Александар Николовски, но и известување на европските партнери за јазикот на навреди кој се користи во Македонија кон Бугарија, се дел од реакците кои ги предизвика изјавата на Николовски во која тој ги нарече бугарските домаќини на македонската претседателка, Гордана Силјановска Давкова за време на нејзината посета на Бугарија, непристојни и мизерни поради тоа што како не го поставиле македонското знаме на нејзината средбата со бугарскиот претсетадел Румен.

Ниту е домаќинот цивилизран, ниту е пристоен, ниту има било каква почит, затоа е работа таква каква што е. Е сега, помизерни од нив се само нашиве домашните слуги“, изјави Николовски .

Оставка од Николовски побара лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, поранешен премиер и лидер на партијата која победи на изборите во јуни, но не успеа да формира влада, поради што Бугарија во октомври оди на нови предвремени избори.

Борисов искажувајќи разбирање дека можеби протоколите на новите македонски претставници не им се јасни, немаше разбирање за изјавата на Николовски.

„Но јазикот што го користат има само едно извинување – оставка на овој министер. И ако не го направат тоа, ниту претседател, ниту премиерот, ниту министри, ниту партиите не треба да се среќаваат и разговараат со нив. А ние ќе направиме се што е неопходно до Европската народна партија да знаат што зборувале и за што е нашето категорично решени по ова прашање“, изјави Борисов.

На бугарските реакции, реагираше лично од Николовски кој преку соопштение лиферувано од ВМРО-ДПМНЕ, реакциите од Софија ги нарече хистерија создадена од дел од неуспешните бугарски политичари, непотребно внесување на Македонија во предизборната кампања во Бугарија, без желба за добрососедство.

„Секако ние нема да го дозволиме тоа и јас нема да дозволам да било кој бара изговори во мои изјави или било што друго што се случува во Македонија“,

Дополнително Николовски смета дека неговата изјава била лошо протолкувана поради разликите во македонскиот и бугарскиот јазик, односно дека она што има еден контекст на македонски јазик, има друг контекст на бугарски јазик.

Николовски во ракцијата директно му се обраќа на Бојко Борисов како обвинет за криминал и недостоен да бара негова оставка, но и кон други бугарски политичари, вклучително и Радев, кои што не можат ништо да направат за сопствената држава, освен да внесуваат гнев и омраза меѓу двата народи.

„И таков е овој кој што го споменав со пачките злато, таков еден друг кој што важи за голем олигарх во Бугарија и такви се една редица други политичари кои што се корумпирани, а таков е и оној кој што е претседател на Бугарија и кој што немаше минимум пристојност и минимум цивилизациско однесување да стави македонско знаме при посетата на македонскиот Претседател“, стои во рекацијата на Николовски.

Инаку изјавата на Николовски е втора која за помалку од еден месец предизвикува гнев во Бугарија. Тој на крајот од август ги нарече членовите на техничката влада во Бугарија, маргиналци на политичката сцена, без легитимитет.

Е сега Мицкоски навива за криминалецот и олигарх Бојко Борисов…

Пронајдете не на следниве мрежи: