Возач побегнал откако прегазил пешак во Скопје, во полиција било пријавено дури по десет дена

МВР соопшти за уште едн случај на сообраќајна несреќа со пешак во Скопје, која завршува со потрага по возачот на автомобилот.

Несреќата се случила на 15-ти месецов, а во полицијата било пријавено дури по десет дена, односно во текот на вчерашниот ден.

Како што информираат од МВР, автомобил тогаш удрил во 48-годишен скопјанец на улицата Прохор Пчински, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот.

Во несреќата мажот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи: