Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека изборите во Грузија, на кои победи владејачката партија „Грузиски сон“, биле слободни и демократски.
Тој му честиташе на својот грузиски колега Иракли Кобахиџе за време на посетата на главниот град на земјата, објави Ројтерс. Надвор од грузискиот парламент во Тбилиси, илјадници луѓе протестираа вчера поради извештаите за нерегуларности во гласањето, поради што западните земји повикаа на истрага.
Според податоците на Централната изборна комисија, на парламентарните избори во Грузија одржани викендов, а завршија утрото на 27 октомври, излезноста била 58,94 отсто, а по пребројувањето на гласовите од 99,3 отсто од избирачките места, Водечката партија „Грузиски сон“ освои 54.086 отсто од гласовите.
Опозицискиот блок „Коалиција за промени“ доби 10,9 отсто од гласовите, „Единство-Национално движење“ – 10,1 отсто, „Силна Грузија“ – 8,7 отсто, „Гакарија за Грузија“ – 7,7 отсто.





