Во 31 сезона во која ФК Вардар бил дел од Првата лига, само еднаш имал полош старт од оваа!

Во 31 сезона во која ФК Вардар бил дел од Првата лига, само еднаш имал полош старт од оваа сезона по 12 одиграни кола.

2010/11 2-0-10 6 поени
2024/25 2-2-8 8 поени

Тогаш Вардар победил во 13-то коло, што значи дека ако не победи во Битола во наредното коло, ќе го има историски најлошиот старт на една сезона.

Полош на 12 стартни натпревари во една полусезона имал само во пролетната полусезона од 2020/21, со 6 освоени бодови (скор 1-3-8).

Дури и во минатата сезона, кога едвај собра Вардар екипа имаше скор 3-2-7 по првите 12 кола (освоени 11 поени).

Заедничко за сите овие сезони е дека играа или со младинци или со тим скрпен во последен момент мешавина од младинци и ветерани. Освен лани, немале ниту еден странец во тогашните состави.

Оваа сезона според ,,шерифот” во клубот, досега Вардар потрошил 500.000 евра. Во клубот има дури 7 странци.

Колку треба да си дуздибидус во фудбалот за да имаш ваков старт при толку потрошени пари за македонски услови?

Фото: Кочо Сотировски

Пронајдете не на следниве мрежи: