Харадинај: Курти го саботира Косово од процесите што го водат кон членство во НАТО

Шефот на опозициската Алијанса за иднината на Косово, екс премиерот Рамуш Харадинај, оцени дека последниот Извештај на Советот на Европа за напредокот на Косово го одразува распадот на системот на владеење во земјата.

Харадинај на Фејсбук пишува дека извештајот јасно покажува дека премиерот Албин Курти го оддалечил и саботирал Косово од процесите што го водат кон членство во НАТО.

„Извештајот за напредокот, како што се очекуваше, во голема мера го одразува распадот на системот на владеење во Косово и оддалечувањето на земјата од сите процеси што ја приближуваат до Европската унија. Тоа се манифестира со газење на парламентарната демократија, мешање во медиумите, саботажа на правосудниот систем, дефекти во набавките и речиси во секоја област од животот. Во последните четири години Курти го отстрани и саботира Косово од процесите што го водат кон членство во НАТО. Со овој извештај се гледа дека целата негова агенда е оддалечување на Косово од сите евроатлантски интеграции“, напиша опозицискиот лидер.

Според Харадинај, симнувањето на Курти од власт „секојдневно се претвора во национална обврска за сите“ во Косово.

Премиерот Курти вчера изјави дека според Извештајот на СЕ, Косово не назадувало, туку е постигнат напредок во речиси сите области.

Пронајдете не на следниве мрежи: