Пред малку како што дознава Инфомакс од свои извори е уапсена главната инспекторка во општина Куманово.
Имено се работи за Лидија Трајковска која е нов раководител на Сектор за инспекциски надзор во Куманово од неодамна.
Довербата и ја даде градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски кој ја постави на оваа позиција на 19.02 годинава.
Како што дознаваме таа е уапсена како зема мито во висина од 4 илјади евра, а според нашите информации веќе подолго време била по ПИ – мерки кои документирале како таа ја злоупотребува својата службена положба.
Инаку во нејзиниот мандат против Трајковска се поднесени веќе 5 кривични пријави од кои најголем дел од нив се за рекет.