„Криминалната“ компанија, „блиска до СДСМ и семејството Заеви“, фирмата на почесниот белоруски конзул во Македонија денеска добила нови 220 милиони денари од државата, дознава Инфомакс.
220 милиони денари се исплатени денес, а во среда биле исплатени 150 милиони денари, со што вкупно се заокружува сума од 1,8 милијарди денари во последните две недели, пари исплатени од Владата на ВМРО-ДПМНЕ.
Марковски компани инаку еше главна тема на прес-конференциите на ВМРО-ДПМНЕ во периодот кога беа опозиција. Компанијата беше нарекувана со екстремни зборови, квалификувана како „криминална, блиска до Заеви, местачи на тендери, поврзани со руско влијание, фирма на белоруски конзул во Македонија“, за кратко после изборите да сменат лента, па компанијата да стане професионална и да добива нови тендери од државата.
Неодамна, пред само две недели, владејачката ВМРО-ДПМНЕ објави видео во кое ја обвини компанијата Марковски за сериозен криминал
-Марковски компани основана во 2020 година со паричен влог од 2500 евра била особено омилена на СДС и ДУИ за делење на тендери. Ваквата Македонија ќе ја смениме. Неспособноста завршува со нив, работиме 100 проценти одговорно за твојата иднина!“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Два дена пред да биде објавено видеото, раководството на РЕК Битола на 10 октомври склучило рамковен договор за работна рака за тековни машински интервенции со кој Марковски компани во наредните 12 месеци може да искешира до 64 милиони и 900 илјади денари, односно над 1 милион евра. Според договорот, РЕК Битола ќе ѝ плаќа на фирмата по 582 денари од работен час за браварите што ќе ги ангажира, и по 614 денари од час за заварувачите.
Битолската компанија во изминатите години има добиено стотици милиони евра за тендери од РЕК Битола. За компанијата на прес-конференција говореше и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен министер за транспорт, Александар Николоски кој посочи на сериозен криминал пред отприлика 8 месеци.
Денес кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт наместо да биде спроведена истрага и да се поднесат кривични пријави за посочените, Владата на ВМРО-ДПМНЕ исплати повеќе од милијарда во рок од неколку дена кон Марковски компани, а новото раководство на РЕК Битола додели уште еден тендер на компанија од милион евра.
Дополнително, вчера од Собраниска говорница премиерот Мицкоски повторно алудираше дека не е нормално што компанија на почесен конзул на Белорусија во Македонија добива пари од државата, но истите денес повторно им исплаќаат милионски суми на „антизападните“ Марковски.
https://infomax.mk/%d0%b2%d0%b8%d0%b4%d0%b5%d0%be-%d0%bc%d0%b8%d0%bb%d0%b8%d1%98%d0%b0%d1%80%d0%b4%d0%b0-%d0%b8%d1%81%d0%bf%d0%bb%d0%b0%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d0%b5-%d1%81%d0%b8%d1%82%d0%bd%d0%b8-%d0%b2%d1%82/