Денеска се празнува Светиот великомаченик Артемиј

Овој славен светител беше родум од Египет и прв војвода на царот Константин Велики. Кога на царот Константин му се јави победоносниот крст, поверува во Господ Исус Христос и се крсти. Подоцна, во времето на царот Констанциј овој цар го испрати Артемиј во Елада за да ги пренесе моштите на свети Андреј од Патра и на свети Лука од Тива во Цариград, а ова војводата Артемиј го изврши со радост. Потоа беше поставен за августалиј и царски намесник во Египет и во овој чин остана и во времето на Конастанциј, Константиновиот син, а извесно време и при Јулијан Отстапник. Кога овој богоотстапен цар тргна во војна со Персијците, запре во Антиохија и му нареди и на Артемиј да дојде со својата војска во Антиохија. Артемиј дојде. Во тоа време царот подложи на маки двајца христијански свештеници. И уште Артемиј му прорече на царот: „Твојата погибел е близу.“ Сиот ранет и раскрвавен Артемиј го фрлија во затвор, каде што му се јави Самиот Господ Исус Христос, Кој го исцели и го утеши. Потоа царот нареди, та го спростреа на еден камен, а со друг тежок камен го притиснаа така што телото на Артемиј го здробија.. Најпосле му ја отсекоа главата. Ова се случи во 362 година. А царот Јулијан отиде на бој против Персијците и срамно загина, како што му прорече свети Артемиј.

Пронајдете не на следниве мрежи: