Четири месеци од пуштањето на новата железничка станица во Нови Сад по реконструкцијата, се случи огромна трагедија откако вчера се урна настрешницата на влезот, по што загинаа најмалку 14 лица. Меѓу загинатите е и македонскиот државјанин Васко Саздовски (45).
Министер за градежништво, транспорт и градежништво Горан Весиќ, во јули годинава изјави дека за нејзина реконструкција се инвестирани 65 милиони евра, а изградени се и нови платформи. Бројот на патеки е зголемен од девет на 12.
Реконструкцијата беше најавена во 2021 година, а почна во 2022 година.
Најавено беше дека ќе се реновираат првите три станици, како и 10. и 11. колосек, а потоа ќе се изгради нова платформа и настрешница, обнова на подови, ѕидови и покрив, како и енергетско реновирање на објектот, замена на фасадата и столарија.
Неколку часа по несреќата во Нови Сад, Министерството соопшти дека урнатата настрешница не е дел од реконструкцијата.