Одговор на новинарски прашања, Менде Илиевски од СДСМ
Коридорите на Бехтел и Енка станаа историски значајни а Мицкоски и Николовски историски лажговци
Денеска ги видовме Мицкоски и Николовски колку се горди на реализација на проектот за патот Прилеп-Битола, дел од Коридорот 10Д.
Граѓаните секојдневно гледаат како Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги промовираат и се фалат со проектите на СДСМ за коридорите кои ги напаѓаа и велеа дека се криминални и штетни.
Од историски криминал, коридорите на Бехтел и Енка станаа историски значајни проекти, слепите тунели кон Бугарија наеднаш прогледаа, а наводните криминални зделки сега се добри за ВМРО-ДПМНЕ.
Власта нема ниту еден проект нејзин започнат, ниту пак реализиран, освен што се фали со проектите на СДСМ ги погази сите свои изјави и ветувања пред граѓаните.
Коридорите на Бехтел и Енка станаа историски значајни а Мицкоски и Николовски станаа историски лажговци.