На планинарска патека на планината Бистра, вчера биле пронајдени две неексплодирани бомби кашикари.
„Вчера околу 10.00 часот на планинарска патека во планинскиот предел над с.Грекај, општина Маврово и Ростуше, при извршување службени задачи, полициски службеници од ОВР Гостивар пронашле две неексплодирани рачни бомби кашикари. Увид бил извршен, а бомбите биле безбедно подигнати од екипа на Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи при Министерството за внатрешни работи“, информираат од МВР.