Орбан му честиташе на Трамп: Многу потребна победа за светот!

Унгарскиот премиер Виктор Орбан му честиташе на републиканскиот кандидат Доналд Трамп за неговата победа на претседателските избори во САД, велејќи дека овој исход ќе му користи на светот.

„Најголемото враќање во политичката историја на САД! Честитки до претседателот Доналд Трамп за неговата огромна победа. Многу потребна победа за светот!“ напиша на Х.

Орбан отворено го поддржа Трамп во бипартиската борба во САД и не криеше дека смета на неговото враќање во Белата куќа. Унгарската влада постојано посочуваше дека евентуалното враќање на Трамп на претседателската функција ќе донесе надеж за подобрување на билатералните односи и за решавање на конфликтот во Украина. Трамп вети дека ќе го реши украинскиот проблем доколку победи на изборите.

Пронајдете не на следниве мрежи: