Голем пожар избувна во магацинскиот простор за стари вагони во објектот на Македонски Железници Транспорт во Кисела Вода.
Како што дознаваме, пожарот избувнал уште ноќеска, а пожарникарите сѐ уште се обидуваат да се справат со огнените јазици.
Црн чад се крева од објектот. Екипите во моментов се обидуваат да ги извлечат запалените вагони и да ги гаснат надвор на отворено.
Присутни се и инспектори од МВР, ќе се прегледуваат надзорните камери за да се утврди што се случило.
Штетата дополнително ќе се утврдува, засега нема информација за повредени.
Од 01.20 часот на ул.Трета Македонска Бригада (Опш.Аеродром) со 20 пожарникари и 8 ПП возила интервенирале на стари и неисправни Вагони од Железници на РСМ Транспорт АД – Скопје.
Извор: plusinfo.mk