На 13 ноември има седница на Советот, има консензус дека ќе донесеме одлука дека нема да бидеме послушни кон централната власт, истакна денеска од протестот пред депонијата во Кочани независниот советник во советот на Општина Кочани, Венко Крстевски.
– Постојано ни се закануваат, ќе сме предизвикале епидемија, ќе сме плаќале, ние бараме кочанската депонија да биде само за Кочани, не регионална.
Градоначалникот е најодговорен за ова, кога имавме состанок ние најавувавме дека ќе дојде до ова на Совет, бевме договорени тој да дојде тука и на централната власт да каже дека ова веќе не бива. Пратеникот исто треба да се бори со нас, истакна Крстевски кој порача дека нема да ги фатат кочанчани на кондиција и дека ќе се борат до крај.