Осумнаесетгодишен дилер на дрога бил приведен вчера наутро на Бит Пазар.
„Вчера во 10.00 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Р.(18) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја и дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја“, информираат од МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.