Порака на денот: Животот почнува дури откако ќе престанеш да се плашиш

Еднаш ќе престанеш да се плашиш од ладното. Секој тип на студенило. Едноставно се стоплуваш и продолжуваш да живееш. И после тоа, повеќе не можат да те предадат, навредат, да ти нанесат бол. Сè тоа се случува кога се плашиш, а кога не се плашиш, не се случува. Веќе го имаш поминато најлошото и ништо повеќе не може да те изненади.

Конечно сфаќаш дека животот почнува дури откако ќе престанеш да се плашиш. Повеќе не те плаши студенило, топлина, навреди, гнев, загуби, осуди, сплетки, идиоти, разделби, осаменост, предавство, па дури ни смрт.

Стравот никогаш не донел добри работи. Тој им го одземал животот на оние што се плашеле, а не помогнал. Остсуството на страв ти ги отвора очите пред фактот дека незадоволството од тебе е проблем на незадоволните, разочарувањето е проблем на разочараните, а критикувањето на критичарите.

Тоа нема никаква врска со тебе.

Можеш да зборуваш со нив отворено или ако сакаат нека ти зборуваат зад грб, далеку од тебе.

Не заборавајте да си ги повторувате овие зборови:

Одбивам да се плашам.

Избирам да живеам!

Пронајдете не на следниве мрежи: